Живојно - ново наоѓалиште на јаглен во Битолско

Bez autora
Jul 14 2011

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) истражува повеќе откриени наоѓалишта на јаглен во земјава и прави подготовки за откопување. Едно од нив е Живојно во Битолско, за коешто ЕЛЕМ изработи Проект за доистражување на јагленовото наоѓалиште, со цел навремено обезбедување на експлотациски резерви на јаглен. Со претходните и изведбата на новите теренски и лабораториски испитувања ќе се утврди застапеноста на одделните категории на резерви на јаглен и ќе се обезбедат податоци, кои се потребни за изработка на Главен рударски проект за отворање на рудникот. Наоѓалиштето за јаглен Живојно се наоѓа на крајниот југоисточен дел од Пелагонискиот басен, до самата граница со Грција на оддалеченост од 35 километри јужно од Битола, а 3 километри на север се граничи со наоѓалиштето Брод Гнеотино. Зафаќа површина од околу 15.980 квадратни километри и се наоѓа на надморска височина од 580 до 700 метри. Откако ќе се потврдат експлоатациските резерви на јаглен, се планира отворање на рудник со јамска експлоатација и годишен капацитет од три милиони тони во рок од 20 години.

Живојно - ново наоѓалиште на јаглен во БитолскоЕлектрани на Македонија (ЕЛЕМ) истражува повеќе откриени наоѓалишта на јаглен во земјава и прави подготовки за откопување.

Едно од нив е Живојно во Битолско, за коешто ЕЛЕМ изработи Проект за доистражување на јагленовото наоѓалиште, со цел навремено обезбедување на експлотациски резерви на јаглен. Со претходните и изведбата на новите теренски и лабораториски испитувања ќе се утврди застапеноста на одделните категории на резерви на јаглен и ќе се обезбедат податоци, кои се потребни за изработка на Главен рударски проект за отворање на рудникот.

Наоѓалиштето за јаглен Живојно се наоѓа на крајниот југоисточен дел од Пелагонискиот басен, до самата граница со Грција на оддалеченост од 35 километри јужно од Битола, а 3 километри на север се граничи со наоѓалиштето Брод Гнеотино. Зафаќа површина од околу 15.980 квадратни километри и се наоѓа на надморска височина од 580 до 700 метри. Откако ќе се потврдат експлоатациските резерви на јаглен, се планира отворање на рудник со јамска експлоатација и годишен капацитет од три милиони тони во рок од 20 години. Со овие количества јаглен ќе се обезбедува производство на електрична енергија од 2.000 гигават/часови годишно.

Теренски истражни работи ги изведуваат градежниот институт "Македонија", "Геинг" од Скопје и "Хидроинженеринг" од Битола.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik